Description
Alixir 400 Protect
додаток на исхраната
Висококонцентрирани полифеноли од течниот екстракт од плод на сибирска аронија
раствор за орална употреба, со фруктоза
Состав:
Едно шишенце (30 ml) раствор содржи:
Полифеноли од течен екстракт од плод од аронија, Aronia melanocarpa (4658-TD®) 400 mg
Состојки: Полифеноли од течен екстракт од плод од аронија, Aronia melanocarpa (4658-TD®),
пречистена вода, фруктоза, конзерванс калиум-сорбат.
Својства и делување:
A-LIXIR® 400 PROTECT е додаток на исхраната на база на полифеноли од течен екстракт од плод
од сибирска аронија. Напредната постапка на екстракција овозможува добивање на
стандардизиран екстракт со висока концентрација, при што со волумен од само 30 ml се
внесуваат 400 mg полифеноли. Посебна одлика на постапката на екстракција е дека
обезбедува сложени полифеноли кои потекнуваат од пулпата и од под лушпата на плодот, што
доведува до тоа да во производот A-LIXIR® 400 PROTECT се наоѓаат високо квалитетни
соединенија, достапни во вкусен раствор практичен за дневно конзумирање.
Употреба:
Возрасни: Испијте ја содржината на едно шишенце од 30 ml еднаш дневно наутро,
после јадење.
Должина на траење на употребата:
Спортистите, како и лицата кои рекреативно се занимаваат со спорт: по едно шишенце дневно
1-2 месеци во континуитет, како во подготвителниот тренинг период, така и во текот на
активно спортување во тек на натпреварувачката сезона. Земањето може да се повтори 2 до 3
пати годишно, со паузи од по 2 месеца.
Здрави лица, за суплементација со полифеноли: по едно шишенце дневно во текот на 7
последователни дена во месецот. Земањето може да се повторува секој месец во периоди од
по 7 дена.
Преупредувања:
Производот не смее да се употребува во случај на пречувствителност на било која состојка од
производот. Производот не е наменет на лица помлади од 18 години, бремени и доилки.
Заради присуство на фруктоза неопходна е претпазливост кај дијабетичари.
Назнаки:
Препорачаните дневни дози не смее да се пречекоруваат.
Додатоците на исхраната не се замена за здрава и урамнотежена исхрана.
Заради високата содржина на природни пигменти антоцијани во полифенолите од течниот
екстракт од плодот од аронија, конзумирањето на производот доведува до пребојување на
јазикот во виолетова боја. Земањето на чаша вода после производот A-LIXIR® 400 PROTECT, ќе
ублажи оваа појава.
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.
Reviews
There are no reviews yet.