natto NKCP NATTOKINASE

2.457,00

natto NKCP NATTOKINASE претставува стандардизиран екстракт од Bacillus subtilis natto култура, добра бактерија која се наоѓа во традиционалниот јапонски деликатес натто од ферментирани соја зрна.

Содржи ензим натокиназа кој природно и безбедно ја регулира вискозноста на крвта.
NKCP таблетите се без мирис, отстранет вит. К, не содржат ГМО и се целосно безбедни за употреба. NKCP е производ на јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical.

Natto NKCP Nattokinase 125 мг./табл; 60 таблети.

Стандардна доза: 1-2 таблети на ден, навечер после оброк.

Сподели со пријателите!

Description

Natto е традиционална јапонска храна направена од ферментирани соја зрна која постои со векови. Новите научни истражувања откриваат зошто натто е толку корисно за здравјето – Bacillus subtilis natto( добра бактерија која се создава во текот на ферментативниот процес) продуцира функционални протеини( вклучувајќи и натокиназа) кои на безбеден и природен начин му помагаат на организмот во одржувањето на оптимална вискозност на крвта. Но, проблемот со конзумирањето натто е следен: вкусот, мирисот и текстурата се непријатни, а може и да содржи големи количини вит. К2 кој интерферира со одредени лекарства, како на пр. Варфарин, потоа, активноста може да варира од бренд до бренд, и оваа храна не е достапна надвор од Јапонија. Но,реномираната јапонска фармацевтска компанија Daiwa Pharmaceutical Co., Ltd го произведува natto NKCP nattokinase – стандардизиран екстракт од natto bacillus култура( Bacillopeptidase F) во форма на мали таблети, без мирис, лесни за голтање, со отстранет вит. К2 и без ГМО – така што сега сите можат да уживаат во бенефитите на натто.

NKCP се произведува со култивирање на Bacillus subtilis natto во течен медиум, под услови соодветни за продукција на активни протеини. Нерастворливите материи и супстанците со ниска молекуларна маса( вклучувајќи ги и молекулите со карактеристичен мирис) се отстрануваат по пат на филтрација и ултрафилтрација, потоа концентрацијата на пептиди се стандардизира, NKCP се претвора во прав и се таблетира.

ФУНКЦИЈА :
Во natto NKCP се идентификувани повеќе ензими, вклучувајќи ја и натоконаза, која го инактивира крвниот ензим плазминоген активатор инхибитор ( PAI – 1), чија количина во крвта се зголемува со стареењето. Помагајќи да се редуцира PAI – 1, NKCP ја подобрува ефикасноста на природните механизми на организмот во контролата на крвната вискозност. Редуцирајќи го PAI – 1. NKCP помага да функционира правилно ткивниот плазминоген активатор ( t- PA), кој го активира плазминот и го редуцира фибринот во крвта.Исто така, NKCP ја олеснува активацијата на фибринолитичните каскадни реакции и помага да се одржи рамнотежата помеѓу коагулацијата и фибринолизата. NKCP ја намалува крвната вискозност in vitro и in vivo, а подобрената тромболитичка активност е докажана со многу клинички студии.

NKCP содржи стабилна пептидазна активност и неговата главна активна состојка е протеин со молекуларна маса од 34,000 – 45,000 далтони, продуцирана од страна на natto bacillus. Активноста е стабилна при pH 6,0 – 9,0 и до 60°C. Безбедноста на NKCP Nattokinase е докажана преку детални истражувања , вклучувајќи и независни испитувања на акутна и субакутна токсичност, мутагеност, антигеност и предозирање. Natto NKCP е сосема безбеден за користње, со оглед на тоа што претставува екстракт од традиционална храна. Сепак, се советува доколку имате специфична медицинска состојба или земате препишани лекарства, да се консултирате со Вашиот лекар пред да започнете да го употребувате NKCP Nattokinase.

СТАНДАРДНА ДОЗА :
Се препорачува да се користат 1 – 2 таблети( 125 – 250мг) навечер, после оброк.

Сподели со пријателите!

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “natto NKCP NATTOKINASE”

Your email address will not be published. Required fields are marked *