Слава Тебе Христе Боже, Надеж наша, слава Тебе!

Идеја, желба, копнеж. Најдоброто искуство во животот, лично за мене, а одговорно тврдам дека и за многу други.

Посета на Ерусалим, Витлеем, река Јордан, Јерихо, Мртво Море, Лида, Тел Авив.

Прв ден

Петок, 20-ти јануари 07:00 часот. 22 луѓе со измешани емоции, паника, среќа, солзи радосници. Страв за тоа што ако не вратат. Сепак, нас мислата ни остана добра и без да се колебаме тргнавме. Црквата Св. Благовештение ги отвори вратите за нас, поклонениците, недостојните кои тргнавме да се поклониме на Христовиот Гроб. Појдовме, се помоливме, запаливме свеќа и добивме благослов за ова патување да ни биде како што треба, па слава Бога, така и беше.

Макпетрол плетварска бензиска пауза за кафе, малку виски финални договори, па продолживме за Солун. Поклонение на моштитите на Св. Димитрија и Св. Анисија.

Кафе пауза или Ципури пауза во Каламарија.

14:30 часот Солун – аеродром. Започнува буквално премиерата! Два часа лет и започнува пулсот на срцето да работи со повисок ритам (можеби и до кај 140-150).

Слетавме на Бен Гурион аеродромот во Тел Авив.

Следуваше тоа што се плашевме. Околу 3-4 часа детални проверки и интервју со службите и опис на тоа зошто сме одбрале да патуваме баш во Ерусалим и како сме се собрале на ова патување.

Англискио – слабо, баш слабо. Ама 3-4-ца зборувавме, но не е само да зборуваш, туку и да го смениш преводот по потреба.

Настапува кралот на англискиот и кралот на преводот – Банкарот (Мартин). Да, да. Си преведуваше како што му одговара, само да ја оправи ситуацијата, измислуваше приказни, им смислуваше животи и замислете – УСПЕА! Границата ја поминавме со страв дека резервираниот автобус има легитимно право да чека само 1.5 час, а тој чекаше цели 3 часа.

После 50-тина минути возење стигнавме во хостелот. Хостелот беше катастрофа – што би рекол Симидо, кутлук! Но, на кого му е гајле кога ние веќе сме во најсветиот град – Ерусалим. Ние успеавме.

Бевме многу гладни, а зошто? Зошто немаше кој да ги земе сендвичите со ловечка кои беа порачани :).

Продолживме да поткасниме. Петок навечер, па и немаше многу избор, поради Сабат – временска зона каде пиле не лета. После 1.3 км имавме МК Доналдс, па слатко се најадивме за цена од фантасиосни 15 еврулина. Да, 15 еврулина за сендвиче, малку компирчиња и кока кола.

Кратка прошетка во мирниот Ерусалим и време за спиење.

Втор ден

Договорот е 7:00 утрото пред хостел сите. Така и беше. Пристигна Саша водичот без кого ова патување немаше да биде тоа што и бидна.

Се собравме и ја започнавме нашата пешачка тура со забрзано темпо која беше насловена како „Бежимо“. Одевме со темпо како да бегаме од нешто, а всушност ништо не не бркаше.

Започнавме од Маслиновата градина, па црквата Оче Наш, Рускиот Манастир и црквата на гробот, и црквата на Воведението на Пресвета Богородица. Потоа се упативме кон Гетсиманската Градина, па следуваше пауза од 20-30 минути за кафе и цигарче.

Откако ги завршивме овие обврски ја започнавме нашата примарна мисија. Улицата на страданието, посета на сите 14 точки и за крај Христовиот Гроб.

Сфативме дека досега функциониравме одлично, а искрено бевме скептици дека многу тешко ќе одиме со оглед на тоа што на некој ќе му е мачно, на некој ќе му се пие кафе, некој ќе сака да пазари, а некој па можеби и ќе сака да се врати.

За среќа, овие проблеми ги немавме.

Имавме детално објаснување, повеќе историско, отколку духовно, но благодарение на енциклопедијата која хода – Макси, ние бевме и духовно просветлени каде што го надоплнуваше водичот.

Ги изодвме 9-те точки на улица и влеговме во продавницата за сувенири каде што награбавме салам работи со цел да ги осветиме на Светиот Гроб.

За само 1 минута следуваше поглед кон најсветото нешто за нас христијаните. Храмот кој што искрено не може да се опише, туку како да кажам … ај да не зборувам многу :).

Во самиот храм има четири точки. Точка на оковот, точка на распетието, плочата на миропомазанието и Христовиот гроб.

На самиот почеток се поклонивме на плочата на мирпомазанието која слава на Бога во тој момент почна да мироточи. Тоа беше чуство кое нема опис, верувајте. Сакам да ви раскажам како беше, ама едноставно не знам, не можам.

Откако ги направивме сите редишта се наредивме во ред за да ја завршиме мисијата. Поклон на Светиот Гроб. После чекање од 1 час стигнавме внатре каде што имавме можност 10 секунди за да си ја кажеме нашата молитва и да ја изразиме нашата благодарност.

Сите излеговме од храмот како „шашардисани“ во буквална смисла. Не знаевме какво е тоа чуство, не знаевме каква е таа благодат што ја стекнавме. Но најважно, сите бевме пресреќни.

Саша потоа не однесе на местото каде што беше тајната вечера, но за жал беше затворено. Имаше обид за да ги замолиме да ни отворат, но Штуц кажа дека се е попусто и да си одиме, дека Евреите писмо не сакале да земат после работно време :), па продолживме кон ѕидот на плачот.

Таму имаше многу луѓе од тие нивните, амиши, амути, рабини или не знам точно како ги викаат.

Требало да се стави капа за да се влези, ама ние аскетите (хаха) не кладовме и пак влеговме.

Таму имаше чудни фаци барем за нас кои се клањаа и ти се чини глата од ѕид ќе ја мавнат додека се молат. Нивно си е и таму нека му е!

После кратка прошетка таму стигнавме до моментот да се остават желби на ѕидот, наводно за остварување.

Симидо им кажа дека не бива така – дека не е православно, ама Дарче упорен, јас ќе си оставам вели од кај знајш кај ќе запали!

Ајде после тоа какара кикири, стасавме до Еврејскиот дел на Ерусалим, па на Џафа Гејт каде што и стигнавме до хостелот кој беше на чекор од тука.

19:00, изморени лица – ама Симид каже – 5 минути слободно за ВЦ и продолжуваме.

Душа хоче, али ноге нече, па така некои останаа и си легнаа, а некои продолжија.

Рампо од мака со нозете кладе влечки во петокот вечерта и ги слече во вторникот сабајле дома.

Од тие кои продолжија бев и јас. Па следуваше разделување за поткаснување – наравно Мк Доналдс, а некои и пицуле. Крв да се стори!

Е сега стигнуваме до делот каде што душичката бараше ЖЕСТИНА (читај жестоки пијалаци), па мораше да го бараме чарето и за среќа или несреќа го најдовме. Мингата вели местото е најдено, жестина има и тоа е тоа.

Трет ден

Тајмингот е тој. 07:00 добро утро на сите. Саша спремен, ние уште поспремни. Автобусот е спремен за Витлеем, Јордан, Јерихо и Мртво Море.

Влеговме сите во авотбусот и на микрофон ја поздравив екипата со реченицата „Почитувани патници добро утро“. Во позадина плач и лелек. Уплашени. Чим сум ги поздравувал така ќе сум барал пари, па искрено и не погрешија. Ајде сите по 75 евра или 80 долари за турата, ама и нешто ситно бакшиш за водичот.

Само што пристигнавме, сфативме дека сме 50 доларчиња кусок за некој си паркинг кој не беше обврска, ама нема проблем – пак завртив и собравме (хахаха).

Стигнавме во Витлеем – местото каде што започнува животот, местото каде што е роден нашиот Спасител – Исус Христос.

Тука имавме и локален водич – некој си Палистенец, ама супер беше – поминавме топ.

Прво посетивме црква која сега е католичка, но претходно била Православна. Место каде што Пресветата Дева прв пат го задоила Исус Христос и место каде што е белата карпа која побелела од млекото кое капнало на неа. Тако каже традиција.

Потоа го посетивме храмот на Христовото Раѓање.

Се поклонивме на ѕвездата, во пештерата каде што е роден Спасителот. Слава на Бога.

Во црквата имавме можност да присуствувавме на светата Литургија и да се помолиме.

Исто така, Симидо и Николче беа спремни за Света Причест, ама локалниот свештеник не дал благослов за нас, а зошто? Никој не знае.

Тоа и не беше проблем. Го имаме Штурата, кој секогаш знае да ти дај благослов и да разреши. Ги зеде за рака двајцата и ги смолкна кон светиот путир. Не се плашете, зар од Бога се плашите? И реалноста е таа. Се причестија двајца. За здравје и спасение да ви е.

Се собравме сите, ама фалеше Рампа. Па где је Рампа људи? Дошао је и он. Потоа бевме љубезно пречекани од сестра во Христа која ни објасни некои работи.

Продолживме кон Јордан. Местото на крштевањето на нашиот Спасител. Си купивме наметки, се преслековме и се искапивме во реката. Чудно чувство облева и тука. Се чуствува голема благодет. Дефинитивно.

После капењето во Јордан заминавме за Јерихо. Манастирот на искушението. Тоа е интересен манастир каде што сатаната го искушувала Господ Исус Христос.

Имаше две опции, требаше да одиме со жичара, но поради сервис и одржување во тие моменти не беше активна, па заминавме со комбиња. За иста цена од 12 евра :).

Тука завршивме, па направивме пауза за ручек во некој талибански ресторан. 20 евра шведска маса – топ цена. Тие џимриите не каснаа ништо, а тие што се мерак за се потврдија дека храната била добра.

После тоа заминавме во Мртво Море. Ретко искуство. Голем дел се искапаа и во него, а некои и се повредија. На пример наш Рампа.

Скокна ласта во плиткото и прокрвари. Ама не беше страшно, Перо го преврза и Рампа си ги облече влечките и продолжи по својот пат :).

Автобусот не остави кај хостелот и се разделивме со водичот. Тука неговата обврска спрема нас заврши. Некои се поделија и заминаа да одмараат, а ние неколку души побрзавме да се поклониме на Светиот Гроб уште еднаш. Имавме 500 метри кои мораше да ги истрчаме во стариот дел на Ерусалим за само неколку минути. Во последен момент стигнавме, не сакаа да не пуштат, ама успеавме и се поклонивме на најсветото место.

Почнаа да не бркаат, бидејќи ќе затвораат, па излеговме надвор да се причекаме. Одеднаш на скала качи еден батка и го кладе катанецот на црквата.

Се пребројуваме и сфативме дека фали Иле. Замислете, Иле го заклучија внатре. Опција за излез нема. Но за Иле тоа беше најдоброто нешто што можеше да му се случи. Да да, најдоброто велам. Следното отворање на црквата беше во 23:30, па тој имаше можност и време од 4-5 часа да биде со уште неколку други луѓе внатре и во мир да си се помоли.

Ние останатите продолживме повторно на прошетка во поновиот дел, па повторно консумиравме умерена доза ЖЕСТИНА.

Четврт ден

За овој последен ден немавме посебни насоки. Се договоривме лесно меѓусебе. Одлучивме наместо да функционираме со јавен превоз, да си изнајмиме повторно автобус. Пак ги поздравив патниците со по 30-тина евра. А кога сме тука веќе, искрено добив впечаток дека само што ќе ме видат луѓето се пофаќаат по џебови, ама искрено и заслужив така. Многу пати им собирав парина (хахаха).

Планот беше сабајлето во 06:30 да се собериме и да ја изодиме целата Виа Долороса уште еднаш. Тоа и се случи. Слава на Бога. Беше мирно сабајлето, тогаш отвараа дуќаните и немаше воопшто гужва. Стигнавме во црквата и се издвоивме време за молитва, а дел од нас влегоа повторно во Светиот Гроб.

Слика немам од овој дел, немав батерија оти полначот ми беше натурен со шербет, вода, масло или не знам што од страна на Школскио.

8:30 спремни за да тргнеме кон Лида Палестинска и да ја посетиме грчката црква каде што се наоѓа Гробот на Св. Ѓеорги. Автобусот закасни 15-20 минути, но не беше проблем, напротив така требало да биди. (читај надолу). Ние знаевме дека црквата во Понеделник не работи, но наше е да си провериме.

Стигнавме и замислете работеше. Грци се најавиле дека ќе прават посета, па во истиот момент заедно со нив и ние стигнавме, па успеавме и тука. Ако автобусот стасаше навреме немаше да го посетиме гробот на Св. Ѓеорги каде што извира свето миро од самиот гроб. Слава на Бога и за тоа.

Во оваа црква се наоѓаат и оковите на Св. Ѓеорги, да, баш тие железа со кои бил измачуван.

И тука си поминавме фантастично, па остатокот од времето решивме да го посветиме на Тел Авив.

Небо и земја. Ерусалим и Тел Авив. Модернистичко, ново место и дефинитивно прескапо. Како и да е, прошетавме и тука, а исто така имавме претстава која беше режирана од наш Рампа.

Се капеше во средоземното море. Уживаше!

За неколку часа заминавме за аеродромот во Тел Авив. Не остави автобусот, а ние повторно влеговме во канџите на царинските формалност.

Следуваа безбедносни проверки од типот:

Колку време бевте овде, дали сте заедно цело време, дали имате бомба, дали носите ножови, ножици итн., дали багажот е цело време до вас. Сега бевме порелаксирани. Поминавме со лесно. Чекирање, пасошка контрола, скенер и гејт.

За нешто повеќе од 2 часа и релативно мирен лет слетавме во Солун и си тргнавме за дома.

Ова патување на некој чудесен начин ми ја развесели душата, ми даде криља и ми исполни уште една животна желба. Фала му на Бога.

Господ да ги услиша нашите молитви и да не помилува и спаси.

Слава Тебе Христе Боже, Надеж наша, слава Тебе!

Е сега за крај, со еден аплауз да ги поздравиме:

  1. Џимио оти организираше и пари собираше
  2. Симидо оти темпо наметнуваше
  3. Николче оти зееше
  4. Штурата оти гракаше и благословуваше
  5. Школскио оти се знаеше и само тој се одвојуваше од групата
  6. Рампе оти беше главен актер на претставата
  7. Кромидо оти ги потсетуваше да ја запетуа кога ќе зборуваа
  8. Кисио оти им објаснуваше дека ова е наше сето македонско
  9. Коџако оти беше најстабилен од сите во секој момент
  10. Аце оти е најфлексибилната личност
  11. Цуцуло оти е одговорен
  12. Мингата оти беше совршенство на ова патување
  13. Даскало оти е културен и се поздравува со рака со службите за испитување
  14. Перо оти беше подвижна амбуланта
  15. Банкарот оти им смисли животи на сите и им ги претстави на англиски јазик
  16. Штуцо оти во се ужива
  17. Кремо оти е кукле
  18. Киксо оти со чутење можи да те пресмеј
  19. Саше Симидо оти беше воџа пута до Солун
  20. Саше Мајсторо оти само прашуваше да не треба пари да се дадат
  21. Димче оти вети тави да напрај
  22. Дарче оти не се нервираше

Ај сега за крај да собериме по некој динар ради реда за здравје 🙂

Пишува Џими

Сподели со пријателите!