Како што знаете сите си имаме своја приказна зошто сме се префрлиле на вегетаријанска или веганска исхрана, па решив и јас да ви ја раскажам мојата. Добивав прашања од типот како без месо, зошто, не сакаш воопшто да касниш, здраво е, дали вреди?
Се надевам дека со ова ќе се крени свесноста на повисоко ниво и навреме ќе се прават потребните прегледи кои можат живот да значат.
Иако внимавав што внесувам но не беше доволно, сепак јас се откажав од месото, а со самото тоа и си го сведив здравјето во нормала.
Сепак не ме одмина ниту мене оваа болест .
Рак на Дојка Сведоштво 1 2019/2020
Сведоштво 1
Бев преплашена кога ми соопштија имаш тумур. Како таванот да ми падна на глава.
Избезумена заминав од кај докторот незнаев колку е ризично.
Заминав дома му кажав на сопругот дека имам тумур, но се уште не знаеме каков е. Двајцата во недоумица , почнавме да бараме контакти од сите доктори кои ги познававме за да закажиме повторен преглед за рак на дојка.
Закажавме преглед ехо на дојка, мамографија и биопсија.
Докторот како што можеше да забележи од ехо снимката и од мамографијата не разубеди дека не станува збор за рак на дојка, односно се работи за бениген тумур кој можел да настани кај секого и дека не е од “Лошиот”, но резултатите од биопсијата ќе потврдат дали е тоа така.
Со нетрпение го чекавме резултатот од биопсијата и покрај тоа што докторот некако не смири дека не е злото, односно рак .
Понеделнички само што ни почна неделата се јавува докторот кај мене, јас на работа и само ми соопштува дека станува збор за Рак на дојка, резултот ќе го испрател по пошта.
Сопругот немаше трпение за да се чека резултатот по пошта замина уште истиот момент кога му соопштив да се види со докторот.
Не знам како издржав на работа, само се прашував што понатаму…
Еднствено што ми идеше на памет е дека ќе ја изгубам косата, градата или пак дека можеби нема да можам да се изборам со оваа подмолна болест.
Бев преплашена од самото што следува, но и храбра во истиот момент.
Го прифатив сето ова како обичен вирус кој мора да помини период за да се излечам.
Најмногу што се плашев како ќе му соопштам на моите најблиски, како тие сето ова ќе го поднесат.
Собравме храбост и му соопштивме на нашите родители.
Беше голем шок. Сепак продолживме по патот кој мораше да го изодиме, за кој немавме друг избор .
Тргнавме да правиме се уште анализи како што не советуваа онколози и хирурзи.
Сепак слава на Бога што ни го покажа патот, кога се сретнавме со наш близок доктор кој ни рече не си се уште ти за кај хирург ти со оваа дијагноза си за на онколог. Ракот не беше раширен во самата града, немаше ни под лимфните јазли.
Тоа беше добар знак.
Се најдовме со онкологот кој ми даде 8 хемотерапии од самиот почеток, рече ќе се третира како “сендвич “терапија.
Почна првата терапија со боцкање во рака, со 5 шишенца системи кои требаше да истечат низ моите вени. Отровот како што течеше низ моите вени предизвикуваше болка низ вените. Првите 4 хемотерапии траеа по час и половина и после секоја помината терапија јас 15 дена не бев добра, имав гадење, омалаксаност. Одма после првата терапија ми падна косата и благодарение на периката не чувствував промена на ликот на мојата глава. Преку периката лицето ми беше истото, а јас не паднав во депресија заради загубата на косата. Бидејќи да изгубиш дел од тебе е нешто страшно, а уште пострашно е да се гледаш секој ден во огледало и да не си ти. Но со самото примање на терапиите се повеќе опаѓав но докторите не веруваат во алтернативна медицина и затоа никој за ништо не не посоветува. Почнавме сами да бараме начин да го накревам имунитетот за да можам да ги издржам и останатите терапии. Борбата со ракот беше макотрпна .
Ги поминав сите осум хемотерапии стаса време и за операција.
На магнетот кој го правев немаше апсолутно ништо за вадење, тумурот го немаше.
Докторот беше вчудоневиден, што дури и се пазаравме за вадењето на градата.
Кога виде дека неможам да поднесам да ми се извади цела града бидејќи не се гледал тумурот , ми рече да направам уште неколку испитувања за да може да види кај било лежиштето и да се исчисти само тој дел каде што стоел тумурот.
Се извади само тој дел градата ми остана а јас се излечив од рак на дојка.
Го победив ракот, немаше уште хемотерапии како што спомна онкологот бидејќи и тој можеби не се надеваше дека се ќе исчезни, ми даде само хормонска терапија.
Завршив со операцијата со наод нула проценти канцерогени клетки , но како и од се што се лечиш така и од ова си има последица.
Среќно на сите при борбата со ракот, и само верба во Бог и во самите себе ќе ве спаси од таа подмолна болест .
Сведоштво 1/2
Ќе се надоврзам на текстот како го победив ракот.
Има многу прашања кога ќе се соочиш со оваа подмолна болест, првото што ни иди на памет е зошто баш ние сме тие личности.
И покрај внимавањето на храна, здрава исхрана, овошје, зеленчук, овес, слабо консумирање на месо сепак не ме прескокна оваа подмолна болест.
И покрај тоа што не сум имала во животот подобра крвна слика пред да направам детални испитувања јас го имав во мене ракот.
Како секој така и јас не поминав баш најдобро во борбата, а и самите хемотерапии ме уништуваа.
За да го зајакнам имунитетот најпрво му се молев на Бога да ми даде сила, а потоа секојдневните ритуали.
Секое утро пијав на гладен желудник сода бикарбона со лимон по една чаша, па следуваше цеден сок од цвекло, морков, лимон, портокал, јаболко.
Мешан мед со семе од коприва и аронија.
Па се откако ќе го испиев се прскав со масло од горка кајсија. Откако ќе поминеше еден час грицкав какао во зрно или повторни се правев смуди со аронија, јагоди, малини, банана, горка диња, па додавав семиња од чија, ленено, семки од горка кајсија и неколку какао зрна.
Одкако ќе се завршеше и овај ритуал пиев капсули од црно семе и магнезиум.
Од исхраната го исфрлив целосно месото и станав „вегетаријанец“.
Но сепак млеко и млечни производи гледав да консумирам од оние без лактоза.
Исхраната си го направи своето. Редуцирани оброци богати со витамини, минерали, протени од растително потекло ми помогнаа да закрепувам полека.
Промената на храната ме промени и мене целосно, почнав да се едуцирам која храна со што, што за појадок, што ручек, но издржав.
Сепак мислам да не беше поддршаката од најблиските а посебно од мојот сопруг јас немаше да успеам .
Нека овој пост ви биде мотивација за да одделите еквивалент на еден ручек и да направите преглед. Тој преглед како што и погоре напишав многу многу често знае да значи живот. Бидете храбри и силни, а ние, ние можеме многу повеќе.