Книга Смути- Канцер 1:0

Јас сум Христина

СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА ХРИСТИНА МИТРЕСКА

Христина Митреска автор на здрави рецепти без месо и рафиниран шеќер. Исто така и автор на книгата “Смути-Канцер 1:0”.

Организатор сум на бројни работилници и вебинари каде го споделувам своето знаење и како да приготвуваат здрави и вкусни јадења. Учествував во неколку различни кафе разговори на веб страни, а пред неколку месеци започнав да држам предавања и онлајн како до брзо зготвена балансирана храна.Се со цел да ја подигнам свеста на луѓето за тоа колку е важна балансираната здрава исхрана кога станува збор за нивната продуктивност и расположение. Едноставно влегов во светот на  здравата исхрана откако ми беше дијагностициран рак на дојка, кога успеав да си помогнам и да го зголемам нивото на енергија со целосно менување на исхраната. Тогаш ја видов моќта на храната и дека таа може да биде лек. Секојдневно на своите социјални мрежи ги мотивирам и поттикнувам своите следбеници да направат многу за своето здравје со мали промени до одржување на здравјето. Преку идеи за брз ручек, здрави слатки, смути предлози за грицки и што повеќе зеленчук, се трудам здравата исхрана да ја доближам до целото семејство. Сметам дека не постои нешто како невкусна храна, туку има храна која не е правилно подготвена. Со подготвување на здрави оброци вие му помагате на вашето тело побрзо да закрепнува, и да имате поголема енергија. Храната е само дел од процесот на лекување, само со храна може да го подоброте вашето здравје, но сепак јас го споделувам само моето патување при лечење на рак на дојка. Но едно треба да знаете дека секој рак има свое име и презиме, и секој рак различно се лекува. Секогаш верувајте во Бог. Пред што и да започните да примате пред се верувајте дека ќе ве излечи. Јас со верба во Бог со менување на искрахата и секако со верба во лековите препишани од доктор се излекував од рак на дојка.

Најголемата пасија ми е патувањето и спремањето на здрави оброци. Со голема страст за правење на “експерименти” се роди љубовта за готвење на здрава храна. Љубов преточена во здрави рецепти, кои ми помогнаа во лечењето на рак на дојка.

Од како ми беше соопштено дека имам рак, започнав со истражување на природните опции за лекување. Научив се што можеше за исхраната и алтернативната медицина, усвојувајќи навики за здрав начин на живот за да ја подобрам мојата целокупна благосостојба.

Јас ја поставив својата мисија да го пренесам знаењето што го научив на своето патување и да им помогнам на луѓето да ја преземат контролата врз нивното здравје.

По најтешкото време во мојот живот, ми требаше нешто за да го зголемам ентузијазмот, енергијата и вољата. Се запишав на долгорочни часови во текот на 2020 година и се стекнав со сертификат за професионално ниво за дигитален маркетинг. Дипломирав со почести за најдобро креираната веб -страница vkusnobezmeso.mk каде го споделувам моето искуство со ракот преку рецепти, совети и производи за алтернативна медицина. Ова беше една вистинска шанса да го направам она што го сакам и да го споделам она што го доживеав.

Преживеана од рак на дојка и промовирање здрав начин на живот

На 28 -годишна возраст ми беше дијагностициран рак на дојка. Тоа беше нај шокантното, страшно и страшно искуство. Но, јас никогаш не ја загубив надежта и преживеав.

Кога започна пандемијата COVID-19, справувањето со вознемиреноста за време на заклучувањето стана потешко и потешко. Потоа, јас одлучив целата таа негативна енергија и вознемиреност да ја пренасочам на нешто позитивно и продуктивно. Запишувањето на часови за графички дизајн и дигитален маркетинг, подготвена да научам нешто ново и да стекнам со нови вештини беше најдобрата одлука што сум ја донесла.

Сега можам да го споделам моето искуство, патување и вегетаријански начин на живот со сите луѓе кои се борат со ракот, но и со оние кои сакаат да станат поздрави, да ослабат и да се обидат да станат самосвесни за своето тело и ум, токму преку мојата. веб -страница vkusnobezmeso.mk.

После 5 години борба јас успеав да ги прекинам лековите. 2 години лечење со хемотерапија, операција и закрепнување и само 3 години бев на таблетарна терапија. Првичното сооптение беше 5-10 години таблетарна терапија, но поради добрите резултати мене ми беше прекината. Добив и циклус после 20 дена од консумирањето на црвената мака. Црвената мака ми го среди целиот хормонален хаос кој го имав.

Зошто го избрав името вкусно без месо?

Јас сум Пескатаријанец, дел од групата вегетаријанци, имам елиминирано се од копнено животинско потекло. Често пати знаам да си направам сама рестрикции од неколку месеци на веганска храна, бидејќи со самата рестрикција го подобрувам моето здравје.

Иако постои одредена дебата во вегетаријанската заедница за тоа дали пескатаријанската исхрана треба да се смета за вегетаријанска, за наши цели, ние ја ставаме на списокот! Пескатаријанците се оние поединци кои избираат да продолжат да јадат риба и школки додека ги елиминираат другите копнени животински протеини од нивната исхрана, вклучувајќи пилешко, свинско и говедско месо. Во зависност од пристапот на секоја личност кон оваа диета, пескатарците може или не може да консумираат јајца или млечни производи.

Со оглед на минималните ограничувања што ги поставува пескатарскиот начин на живот, ова може да биде одлична одлична опција за некој кој би сакал значително да ја намали потрошувачката на животински протеини, но можеби не е подготвен целосно да ги елиминира како извор на протеини и исхрана. Значи, оние кои се борат со одредени здравствени состојби можат да изберат да ја задржат морската храна како дел од нивната редовна исхрана, вкучувајќи и риба.

Што и да превземате за вашето здравје консултирајте се секогаш со лекар и нутриционист.

Мој нутриционист Ена Станимирович

Доколку имате пофалби , коментари или некакви идеи или сакате да стапите во контакт можете да ме контактирате на :

E-пошта : vkusnobezmeso@gmail.com

Маркетинг: marketing.vkusnobezmeso@gmail.com

Facebook page : vkusno bez meso

Instagram : Vkusnobezmeso

Facebook group : Vkusno bez meso

Сподели со пријателите!