Без разлика дали се откажуваш од месо од здравствени причини како појава на некоја болест кај нас сега актуелна рак , или пак за заштита на животните животот без месо е доста подобар .
Во оваа исхрана за вегани и вегетариајанци ќе најдите вкусни рецепти кои не содржат месо , здрава исхрана во која има и млечни производи вклучени во некои пасти , смуди и snack .
Утрински ритуали со брзо смуди , посни десерти , посна храна и за оние кои постат во одреден ден од годината да се пронајдат .
Можеби голем дел од вашите размислувања се дека веганите јадат исклучиво само зеленило и салати , но со помош на овој блог ќе дознаете интересни рецепти кои ќе ви помогнат полесно да функционирате во денови без месо .
Многу од лицата кои биле заболени од некои посериозни болести лекот го пронашле во промената на исхраната , се надеваме дека ќе ви биди од помош овој блог.
Често се запрашувате што е разликата помеѓу веган и вегетаријанец .
Личноста која се одлучила да биди веган од различни причини и се одлучила на овој начин на исхрана која одбегнува било каква грубост над животните, нивно искористување или искористување на нивните производи за храна, облека и друга намена. Веганската исхрана се заснова врз житарици, мешунки, овошје и зеленчук. Веганите не јадат месо, риба, морски плодови, јајца, млеко, млечни производи, мед ниту пак носат работи од крзно, волна, коски, кожа, корали, бисери и било какви други материјали од животинско потекло. Многу вегани исто така избегнуваат производи тестирани врз животни. За разлика од вегетаријанците чија исхрана е без убивање, веганската исхрана не само што е без убивање, туку е и без искористување на животните. Веганството се разликува од вегетаријанството бидејќи е сведено во потполност на растителна исхрана .
Вегетаријанците за разлика од веганите консумираат исхрана кој го исклучува јадењето на месо (вклучувајќи го дивечот, рибата и морските плодови ). Вегетаријанството е практика со која се воздржуваме од конзумирање на црвено месо, живина, морска храна и каков било друг вид на месо. Тоа исто така може да вклучува и воздржување од нуспроизводите добиени од колење на животните. Вегетаријанството може да се прифати поради различни причини. Многумина одбиваат да јадат месо поради емпатија кон животните.
Има два вида на вегетаријанци :
-вегетаријанци кои не консумираат воопшто месо од животинско потекло вклучувајќи и риба и морски плодови
-вегетаријаци кои консумираат риба и морски плодови
-Бидејќи сум љубител да експериментирам со храната и да проаоѓам нови рецепти произлезе и блогот но, и зад него се крие една приказна која и го промени и спаси животот на оваа личност.
-Пред година и пол боледував од рак на дојка кој беше еден од аргесивните
тумури но за среќа моја се спасив, но храната ми беше лек.
Прво почнав со исклучување на сите сувомеснати прозиводи кои и ми беа
забранети од докторите , па потоа и целосно го исфрлив месото.
Таа голгота заврши со различно лекување од останатите пацинети што докторот
кај кого одев на контрола се изјасни дека јас сум требало да бидам разгледувана
на семинар како пацинт со нула проценти канцерогени клетки го победив ракот.
Па отаму и идејата за блогот, преку овој блог сакам да ја кренам свеста кај
народот да внимава на своето здравје, не значи да си го исфрли месото целосно
од исхрана но, можи да го редуцира.