Убаво е што можите да ја наполните и со состојки кои вас ви се омилени .
- 1 кг. брашно
- 150 мл. Масло
- 200 гр. Маргарин
- 100 гр . рендан веге кашкавал
- 100 гр . Спанаќ
- 1 квасец
- 2 лажици мали сол
- 1 лажица мала шеќер
- 2 лажици мали оригано
- 150 мл . топла вода
Начин на подготовка:
- Во 50 мл . топла вода се раствора квасецот со 1 л. сол , 1 л. шеќер и 3 лажици брашно.
- Се остава да стаса квасецот околу 10 тина мин .
- Во длабок сад го ставаме брашното , 100 мл . масло , 100 мл . вода и стасаниот квасец .
- Се замесува средно меко тесто , се остава да одмори 10 тина мин .
- Се растопува маргаринот заедно со 50 мл . Масло .
- Дел од стопениот маргарин со масло ставаме во смесата со спанаќ и кашкавал .
- Си сечиме од тестото и си формираме топчина , во секое топче ставаме од смесата и го затвораме со прстите.
- Од како ќе завршиме со формирањето на топчината преостанатиот стопен маргарин со масло го тураме врз топчината во кои се наредени во плех за печење .
- Ја уклучуваме рерната на 180 С. без да се кисни и да се загрева веднаш го ставаме на печење .
- -Се печи околу 25-30 мин без да се отвара рерната за време на печење .
На здравје !
Секако убава комбинација е со доматно пире и маслинки .
- Искуства од користењето на црвената и црна мака
- Мојата приказна за битката со ракот на дојка и благословот да станам мајка
- Вегетаријанска салата “Цезар” салата
- Смеса за вегани: Посно месо
- Свежа салата со крцкаво тофу
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.