Често кај нас се готви ролат со јајца, но мојот изум е јајца со веге смеса ќебапи. Брз ручек за помалку од 15 минути имате на вашата трпеза. Уживам да ги готвам овие вегетаријански јадења кои не одземаат многу време во кујна.
Состојки:
- 2 јајца
- 2 лажици мелени бадеми
- 1 лажица мала мелено ленено семе
- готова смеса за ќебапи
- фета сирење
- 1/2 лажица маслиново масло
Начин на подготовка:
- Се матат јајцата заедно со мелените бадеми и лененото семе.
- На загреан тефлон со маслиново масло ги ставаме изматените јајца
- Печиме на ниска температура поклопено со капак околу 6-7 мин.
- Готовата смеса од јајца ја ставаме на чинија
- И воо истиот сад со малку маслиново масло ги запржуваме веганските ќебапи
- И на смесата со јајца додаваме фета сирење и ги ставаме и ќебапите
- Исто така виткаме ролат со состојките
- Сервираме на чинија со домати
Уживајте во вкусот!
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.