Кога ќе го прочиташ насловот се ќе ти стани јасно, оваа вкуснотија е цела протеин.Палачинката со намаз од грашок е толку едноставна и лесна за подготовка.
Состојки за палачинка:
- 100 гр. црвена леќа
- 2 лажици полни овесни снегулки
Состојки за намаз од грашок:
- 3 лажици сусамов таан
- 1/2 лимон
- малку сол
- 3 полни лажици грашок
- 2 гр. ким
- 1/2 мало лажиче куркума
Начин на подготовка на палачинка:
- Леќата ја оставате во длабок сад со 200 мл вода кисни околу 4 часа можи и преку ноќ
- Веќе изкиснатата леќа без вода ја ставате во блендер заедно со 2 те лажици овесни снегулки
- На загреан тефлон без масло ставате од смесата и печите по 3 минути на ниска температура , јас од 9 брзини печев на 7 ма.
Начин на подготовка на намазот од грашок:
- Сите состојки заедно ги ставате во бледнер , бледнирате додека не добиете намаз по структура која вас ви одговара, додавате вода пополека доколку не сакате да е многу густо, од прилика 2-3 до лажици вода
Веќе приготвените палачинки ги мачкате со намазот и додавате домат.
Уживајте во вкусот!


Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.