Знаете дека и веганите си имаат свој начин да го доловат вкусот на сирењето само на природен начин , затоа денес ќе ви приготвам вкусна паста со вкус на сирење .
Состојки за сос :
100 гр . киснат индиски орев
1 лажица мала оригано
1/2 лажица мала босилек
лукче по вкус
1/2 лажица мала чили зачин
1 лажица мала сол
1/2 лажица мала бибер
1 лажица нутритивен квасец
25 мл . маслиново масло
50 мл . вода
тестенини
тестенини по ваш избор , јас избрав да бидат макарони
300 гр . макарони
Состојките кои се наведени за сосот се блендираат додека не се добија еднолична смеса .
Од како ќе ја добиеме ја тураме на загреан тефлон со масло и пржиме околу 1-2 мин додека почни да се разделува смесата .
Во веќе приготвената смеса се додаваат предходно готовите тестенини се мешаат заедно дека тестенините не се измешаат со сосот .
Целата постапка можите да ја погледните и на видеото погоре .
На здравје
Дали ви се допаднал рецептот оставете коментар
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.