Дали има некој кој не би сакал да проба од сочно полнета крофна со фил од чоколадо ? Мислам дека таква личност не постои која би одолеала на оваа вкуснотија .
Посни полнети крофни 600 гр брашно 300 мл. млака вода 130 мл. масло 1 квасец 1/2 лажиче сол 20 гр. ванилин шеќер кора од лимон оставете 10 минути. За фил 100 гр пудинг од чоколадо 7 лажици шеќер 150 гр. маргарин 250 ml .кокосово млеко 100 мл. вода Квасецот , водата и неколку лажици брашно заедно со солта и ванилиниот шеќер се остава да стаса . На веќе стасаниот квасец со брашно се додава и маслото и се замесува средно меко тесто и се остава да одмори половина час . Веќе стасаното тесто се расукува и со форма за крофни или округла чаша се прават топчина кои се оставаат 10 тина мин . и потоа се пржат во загреано масло . За филот ни е потребно прво да ги соединиме следниве состојки пудингот и шеќерот па додаваме млака вода и на крај кокосово млеко .Веќе соединетите состојки ги ставаме во тенџерче на оган да се свари пудингот , кога е при крај со згуснување го додаваме и маргаринот . Мешаме додека се растопи . Го оставаме да се излади и потоа ги полниме крофните со готварски шприц или можите со најлончина за храна . Уживајте во вкусот . Целата постапка можите да ја погледните и на линкот
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.