Утро е , зарем има куќа што несака да замириса на вкусно месено бело печиво .
150 мл вода млака
1 квасец
600 гр брашно
1 лажица мала сол
1/2 лажица мала шеќер
200 гр . Маргарин
За полнење
Доматен сос
Оригано
Босилек
Зачин
Се замесува средно тесто со предходно стасаниот квасец .
Се остава тестото да одмори во фрижидер еден час .После еден час тестото е стасано во фрижидерот и се формираат три топчина кои се расукуваат . Врз секоја расукана коричка се мачка маграрин и повторно се витка како да се дипли , така се до 3 пати . Истата постапка се повторува со останатите топчина .
Се остава 15 мин . да одмори тестото со маргарин .
После 15 мин . се расукува секоја кора и се сечи на ремени од 15-20 см .
Се додава од сосот врз секоја ролна .
Се виткаат така сите ролни .
Врз секоја ролна пред печење се става по едно мало парче маргарин и сусам по желба .
Се печи на 200 С. 15-20 мин.
На здравје
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.


