Бидејќи ги поддржувам блогерите кои се занимаваат со храна и сакаат да бидат слушнати нивните рецепти денес ќе ви споделам еден вкусен, брз рецепт.
Српска блогерка со храна marininakuhinjica за мојот блог ни испрати еден вкусен рецепт за орео колачина кои се брзи и вкусни.
Состојки:
- 15 лажици нутела
- 170 гр путер
- 100 гр кафеав шеќер
- 50 гр бел шеќер
- 1 јајце
- 1 ванилин шеќер
- 270 гр брашно
- лажичка сода бикарбона
- 2 лажици густин
- 1/2 лажиче сол
- 200 гр грубо мелени орео бисквити
Подготвување :
Одделете 15 лажици нутела на хартија за печење и ставете ја во замрзнувачот.
Изматете го путерот во собна температура со шеќер, а потоа додадете јајце и ванила.
Убаво комбинирајте со миксер и додадете ги другите состојки во прав што претходно ги измешавте.
На крај, додадете орео бисквити грубо мелени за да го замесите тестото.
Обликувајте ги топчињата, притиснете ги и ставете ја нутелата во средина и повторно обликувајте ја топката.
Ставете на хартија за печење да се пече на 175 степени 12 минути.
Уживајте!
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.