Сезона на јагоди, зошто да не го искористиме моментот и да направиме вкусен cheese cake со јагоди.
За подготовка за овој вкусен рецепт ни е потребна само желба за вкусен десерт.
Состојки:
- 100 гр бисквити кршени
- 50 гр. путер стопен
- 30мл. млеко
- 100 гр. бело чоколадо
- 250гр. крем од сирење Маскарпоне
- 100 гр. шеќер во прав
- 250мл. неутрална павлака за готвење (хопла)
- 10гр. желатин за вегани Агар
- Ванила
- 150гр. Јагода
- 100мл. млеко
- 40гр. шлаг
Начин на подготовка:
Путерот и бисквитите ги мешаме заедно, го додаваме и млекото и мешаме повторно. Смесата ја ставаме во калапчиња тркалезни. Калапот со смеса го ставаме во фрижидер додека го приготвуваме филот.
Во длабок сад го ставаме маскарпонето и шеќерот, со миксер миксираме додека не се соедини. Го додаваме растопеното чоколадо и повторно миксираме.
Во млака вода го ставаме желатинот да се раствори и го додаваме во филот.
Миксираме повторно до соединување.
Во готовиот фил додаваме 150 гр. сецкани јагоди и прав од ванила.
Со готовиот фил ги полниме модлите.
Готовиот cheese cake од јагоди го оставаме во фржидер 5 часа.
После 5 часа го приготвуваме и шлагот за декорација со 100 мл. млеко и 40 гр. шлаг крем.
Го полниме шприцот со шлагот и ги декорираме мини cheese cake од јагоди.
Целата постапка можите да ја видите на видеото.Уживајте во вкусот.
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.