Гранола за добро утро, за ужинка во секое време од денот.
Оваа веге гранoла ќе ве држи сити неколку часа.
Состојки:
- 1 јаболко
- 1 лажица чиа семе
- 1 лажица сончоглед лупен
- 1 лажица семе од коприва
- 1 лажица цимет во прав
- 1 лажица брусница
- 2 зрна горка кајсија
- 2 лажици кокос
Јаболкото го рендаме на поситно и ги додавеме сите останати состојки, мешаме додека се спојат состојките. Формираме гранoла.
Уживајте во вкусот.
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.