протеинска салата

Брза свежа салата со грчки јогурт, едноставен рецепт за салата кој ќе биди хит летово.

Состојки:

  • 1 домат
  • 3 свежи зелени пиперки
  • марула
  • 30 гр. ориз
  • 50 гр. грашок
  • 100 гр. брокула
  • 50 гр. сирење фета
  • 100 гр. грчки јогурт
  • зачин микс за таратур
  • сол
  • бибер

Доматот и пиперката ги сецкаме на квадратчина. Грашокот заедно со оризот и брокулата ги вариме заедно.

Во друг сад го ставаме сирењето заедно со грчкиот јогурт и зачините.

Сите состојки ги мешаме заедно и го додаваме сосот со грчки јогурт.

На видеото се гледа колку оваа салата е кремаста и сочна.

Уживајте во вкусот!

Сподели со пријателите!

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *