Вегетаријанска паста со сирење
Пастава често се наоѓа на моето мени бидејќи обожавам тестенини.
Потребни состоки:
- 400 гр. Макарони
- 100 мл. Павлака за готвење
- 100 гр. Моцарела
- 100 гр. Фета сирење
- оригано
- сол
- маслиново масло
Начин на подготовка:
- Најпрво ги вариме макароните околу 15 тина минути.
- Ги оставаме да се исцедат
- Во тенџерче на оган додаваме маслиново масло една лажица
- Ја додаваме павлаката за готвење заедно со зачините
- Ја оставаме малку да проврија некоја минута
- Ја додаваме моцарелата рендана заедно со фета сирењето
- Промешуваме додека се растопи сирењето и моцарелата
- Ги додаваме макароните и мешаме
- Сервираме во чинија со гранче нане.
Уживајте во вкусот!
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.