Печена веге(посна)протеинска палачинка
Знаеме дека појадокот е најважниот оброк во денот и тој ни е битен пред се за снабдување на организмот со потребната енергија.
Потребни состојки:
- 1 банана
- 1 лажица сончоглед
- 1 лажица семки од тиква
- 1 лажица ленено семе
- 60 гр овесни снегулки
- протеински чоколаден крем Vitalia
- чоколаден прелив со нула калории
- смрзнато овошје
Начин на подготовка:
- Бананата заедно со сите семиња и овесните снегулки се блендираат.
- Смесата која е формирана се става на хартија за печење
- Печиме 20 минути на 160 C.
- Мачкаме со протеинскиот крем
- Декорираме со овошје и чоколаден прелив
Уживајте во вкусот!
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.