Гранола со млеко и путер од кикиритки
Лесен и брз оброк за помалку од 5 минути.
Смачено ни е од готвење со часови за оброк кој ќе го изедеш за 5 минути.
Зошто да не биди 5 минути готвење и 5 минути јадење?
Потребни состојки:
- 200 мл. млеко по ваш избор
- 4 лажици гранола
- 1 лажица чиа семе
- 1 лажица путер од кикиритки Vitalia
- 1 банана
Начин на подготовка:
- Во тенџерче на оган го ставаме млекото заедно со гранолата, чиа семето и путерот од кикиритки.
- Ја вариме кашата додека не направи мали меурчиња
- Сервираме и додаваме банана и гранола за декор
Видеото со гранола Vitalia и путер од кикиритки Vitalia го има на youtube каналот на вкусно без месо.
Уживајте во вкусот

Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.
