Колку е лесно да се направи ова задоволство за освежување без грам совест за консумирање.
Чоколаден веган сладолед,eм вкусно, ем здраво!
Два производи од vitalia прават чудо.
Состојки:
- 2 лажици путер од кикиритки Vitalia
- 2 лажици веган крем со лешник и какао Vitalia
- 1 лажица маскарпоне веган
- 2 смрзнати банани
- мелен бадем една лажица
- 1 лажица кокосово масло
- 150 мл бадемово млеко
Начин на подготовка:
- Смрзнатите банани заедно со сите состојки ги ставаме во длабок сад и блендираме со блендер.
- Кога ќе добиеме кремаста смеса ја ставаме во калапчина со стапчина за сладолед
- Оставаме од 4-6 часа да се смрзни
- Ги вадиме од калапчина и декорираме со растопен крем веган со лешник и какао Vitalia
Уживајте во вкусот!
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.