Како што сите знаеме за фалафелот има многуу комбинации со што да се јади, како да се приготви, еден знај со кромид, друг со лук јас ќе ви ја кажам мојата комбинација за фалафел кој често го правам.
Состојки за фалафел:
- 200 гр. наут киснат или можите и готов од тегличка или конзерва
- 5 гр. ким
- 50 гр. сусам
- 2 лажици пченкарно брашно
- 1 лажица маслиново масло
- 1/2 лажица мала куркума
- 1/2 лажица мала сол
Состојки за сос тахини:
- 3 лажици сусамов таан
- 1/2 цеден лимон
- на врвот на лајче сол
- 1/2 лажица мала куркума
- 2 гр. ким
Состојки за сос а ла Христина:
- 3 лажици сусамов таан
- 1/2 цеден лимон
- на врвот на лајче сол
- 1/2 лажица мала куркума
- 2 гр. ким
- 5 лажици наут од конзерва или киснат
Начин на подготовка:
Смеса за фалафел:
- Сите состојки заедно ги ставаме во блендер додека не се соедини и се добија една смеса
- Со лажица од смесата редиме на хартија за печење
- Печиме 20 минути на 180 C.
Начин на подготовка на тахини:
- Сите состојки ги ставате во блендер и блендирате
- Додавате постепено вода за да ја добиете посакуваната густина
Начин на подготовка за сос а ла Христина:
- Сите состојки ги блендирате заедно
- Додавате постепено вода за густината која ја посакувате
- Пробајте доколку сакате малку да биди посолено или покисело додате сол или лимон
Смесата која ја приготвивте можете да ја наредите и на лепиња или на чинија и да си брцкате во сосот!
Јас на крај додадов и потпечен сусам, доколку ви се допаѓа мирисот и на вас на печен сусам додадете и вие !
Уживајте во вкусот
Слабеење во група!
Најсовремениот начин да се постигнат во денешно време резултати при промена на исхрана за да се симнат килограми е мотивацијата.
Личноста која се одлучила на овој чекор да намали килограми ќе постигни многу големи резултати, бидејќи членките кои се во групата заедно со мене ќе се мотивираат.
Мотивацијата кај секој паѓа одма после првата недела затоа со мене како стручно лице ви ја пружам оваа можност да ослабите и да го задржите овој начин на хранење како здрава животна навика.
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.