веган сладолед од праска

Имам пробано многу сладоледи ама мислам овој е врв на домашно приготвен веган сладолед.

Сладоледот се состои само од две состојки.

Состојки:

  • 250 гр. праски
  • 150 гр. млеко од кокос од конзерва

Начин на подготовка:

Претходно праските ги лупиме и ги замрзнуваме околу 4 часа.

После 4 часа ги ставаме во блендер заедно со млекото.

Блендираме додека не добиеме смеса која ја посакуваме.

Додаваме за декор путер од кикиритки и боровинки.

Уживајте во овој летен освежителен десерт!

Сподели со пријателите!

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *