Вкусна веге (посна) чоколадна лава само за ваш вкус.
Состојки:
- 1 банана
- 1 лажица мед или друг засладувач
- 150 гр. бадемово млеко
- 100 гр. пченкарно брашно
- 2 лажици какао
- 2 гр. прашок за пециво
- 5 мл.рум
- 2 коцки 85% темно чоколадо
Начин на подготовка:
- Ја пасираме бананата со вилушка
- Го додаваме медот
- Мешаме и полека го додаваме и млекото
- Од како ќе се соединат состојките ги додаваме и останатите
- Полниме во керамички чинии
- Печиме на 180 C. 15-20 минути
- Уживајте!
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.