Здрава пица без брашно
Многу е лесна за спремање, а за вкусот ви гарантирам дека е феноменален! Вреди да се проба.
Рецептот за подлогата е нашиот нутриционист Ена.

Персонален план, едукација и совети во делот на правилните интервали за консумирање на храна- Што, Колку и Кога треба да се јаде. Поддршка за време на траењето на планот за исхрана!
Потребни состојки за тесто:
- 75г овесни снегулки ( мелени )
- 50г протеин од ленено семе
- 1 лажица маслиново масло
- 1/2 лажица пециво
- вода ( не ја мерев од прилика додавав )
Потребни состојки за фил:
- 125г моцарела
- 7 печурки
- 1 домат
- доматен сос 99% чист домат
- 1 лажица грчки јогурт
- 50 гр. фета сирење
- оригано
Начин на подготовка:
- Во длабок сад ги ставаме сите состојки за тесто да се соеединат
- На хартија за печење правиме форма
- Редиме на тестото најпрво грчки јогурт една лажица низ цело тесто, па доматен сос и останатите состојки
- Печиме на 180°С околу 20 тина минути.
Добар апетит!

