Гравче можам на сто и еден начин да јадам. Во салата, црвен шарен бел мислам дека во сите варијанти. За денес ви подготвив тавче гравче со веге колбаси од Verdino Mk
Потребни состојки:
- 300гр бел грав
- 2 лути колбаси Verdino Mk
- 1 главица кромид
- 1 морков
- 1 лажичка мешан зачин
- бибер
- 1 лажица црвен пипер
- 2-3 лажици маслиново масло
Начин на подготовка:
- Секогаш практикувајте зрнестите производи да ги кисните барем по 4 часа или најлесно е преку ноќ.
- Го варите гравчето најпрво со 1 л. вода заедно со главица кромид и морков на тивок оган
- според потребите дотурајте вода.
- Варењето зависи од гравот. Зрната не треба да се распаднат, но треба да бидат варени меки.
- Од како гравот ни е варен го ставам во земјена тава. Кромидот и морковот ги пасирам
- додавам мешан зачин, бибер и сол
- Во загреано масло го додавам црвениот пипер промешувам и го ставам врз гравчето (не го загревајте маслото силно, млако е доволно)
- Мешам да се распореди
- Колбасите Verdino Mk ги ставам врз гравот и печам на 200 степени триесетина минути или додека не изврие дел од водата.
Уживајте!
- Најчесто поставувани прашања за екстрактот од црвена мака

- Црвена мака (ЕКСТРАКТ) – концентрирана сила за хормонален баланс

- Црвена мака – сојузникот на секоја жена
- КАКО ДА СЕ КОРИСТИ ЕКСТРАКТ ОД ЦРВЕНА ИЛИ ЦРНА МАКА
- Моја вистина за Weleda – кога природата ја допира кожата на моето бебе и мене

Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.






