Шафранот е моќен зачин богат со антиоксиданси. Тој е поврзан со здравствени придобивки, како што се подобрено расположение, либидо и сексуална функција, како и намалени симптоми на ПМС и зголемено губење на тежината. Најдобро од сè, генерално е безбеден за повеќето луѓе и лесно се додава во вашата исхрана.
Шафранот е веројатно безбеден кога се зема како лек во дози до 100 mg дневно до 26 недели. Некои вообичаени несакани ефекти вклучуваат поспаност, стомачни проблеми и гадење или повраќање. Можни се и алергиски реакции. Земањето големи количини шафран преку уста е веројатно небезбедно. Затоа најбезбедно е да го внесувате преку храна како зачин.
Потребни состојки:
- 150 гр. ориз
- 1 средна тиквица
- 3 средни моркови
- 10 парчиња печурки шампињони
- 5 лажици зачин
- шафран земете со две прсти како да наросувате
- 2 лажици соја сос
- 1 лимон
- бибер
- 5 чаши вода
- 50 мл. маслиново масло
Начин на подготовка на ориз:
- 150 гр. ориз го пропржувате со 25 мл. маслиново масло
- Додавате 4 чаши вода во оризот и оставате малку да зоврива
- Додавате бибер, промешувајте и додадете уште една чаша вода
- Го ставате во загреана рерна и печите од 20-25 мин на 250 Ц.
Начин на подготовка на зеленчукот:
- Ги чистите печурките и ги сечкате
- Ги рендате морковите
- Ја лупите тиквицата и исто така ја рендате
- Сите состојки ги ставате на оган со 25 мл. маслиново масло
- Додавате соја сос, бибер и шафран
- Оставате да се пржат
- Оризот го вадите од рерна и го оставате малку да излади, исто така и веќе испржените зеленчуци
- Ги мешате заедно зеленчукот и оризот
- Оризот е најдобро малку да подизлади за да се дели зрното, доколку го сакате топло можете од како ќе го измешате со зеленчукот да го затоплете.
На видеото е снимена целата постапка погледнете.
- Храна која помага за хормонален баланс
- Искуства од користењето на црвената и црна мака
- Мојата приказна за битката со ракот на дојка и благословот да станам мајка
- Вегетаријанска салата “Цезар” салата
- Смеса за вегани: Посно месо
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.