Малку ви е чудно како можи да испадни посна тава со закуска ама домашните потврдија и ставија 10 ка на ова јадење.
Се очекува повторно да се приготви.
Не е брзо како останатите јадења кои ги споделувам ама затоа можете да јадите и два дена бидејќи со овие состојки имате и гости да пречекате.
Потребни состојки:
- 3 средни главици кромид
- 3 лажици закуска Brian’s Бакалески купи тука
- 300 гр. ѓувеч
- 1 чаша сечкани моркови
- 1 чаша домати 99% чист домат
- 1 лажица мала бибер
- 1 лажица мала чили
- 3 лажици зачин
- 1 лажица мала црвена пипер
- 1 чаша грашок
- 1 чаша печурки
- 700 гр. компири сечкани
- 1/2 чаша пченка
- 1/2 чаша соја трошки
- 1/2 чаша масло
- 700 мл. вода
- Кисели домати Бакалески купи тука
Начин на подготовка:
-
A-ЛИКСИР®400 ПРОТЕКТ1.570,00€
- Во тенџере на оган се запржува на потивок оган напрво пасираниот кромид околу 10-15 мин
- Го пасираме и ѓувечот и го додаваме
- Оставаме да се пржи околу 10 тина минути
- Додаваме постепено масло со самото пржење не наеднаш
- Додаваме сечкани моркови и доматно пире и оставаме 10 минути да си крчка
- Потоа додаваме, грашок, пченка, печурки, соја и зачините
- Оставаме да си крчка уште 15 минути
- Целата количина од тенџерето ја префрламе во тавата и додаваме вода
- Со алуминиумска фолија ја поклопуваме тавата и ја ставаме во рерна
- Крчкаме цели 2 часа и 30 минути со неколку пати промешување на тавата да не загори.
- Пред самиот крај на вадењето ја вадиме фолијата и печиме за да порумени.
- Сервираме со кисел домат од Бакалески
- Уживајте!
- Како да направите турско гозлеме?
- Бургер
- Смуди со авокадо
- Посна редена погача со кашкавал и спанаќ
- Чоколаден чизкејк во кошничка
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.