Смеса за вегани: Посно месо

Сместа за вегани или посно “Месо“ како што често се спомнува може да го користите во тестенини.

Но, доколку од него сакате да направите плескавици додадете пред подготовката овесни снегулки или киноа за да може да се формира. Вака во оваа форма се препорачува да се користи во тестенини. И без коријандер смесата не би била вкусна само да напоменам или било кој зачин да го изоставите.

Потребни состојки:

  • 400 гр. свежи печурки
  • 2 главици кромид
  • 130 гр. орев јатки
  • 50 гр. кисната хељда
  • 1 полна лажица соја сос
  • 1 полна лажица зачин
  • 1 полна лажица зачин за скара
  • 1 полна лажица копар
  • 1 мала лажица коријандер
  • сол
  • бибер
  • 50 мл. маслиново масло

Начин на подготовка:

  • Секоја од состојките ја сечкате посебно и ја ставате во тава за пржење
  • Сите состојки ги соединувате и додавате маслиново масло
  • Ја ставате веќе соединетета смеса да се пржи на тивка температура околку 30 минути.
  • Смесата може да си ја поделите и да ја замрзните за неколку дена.
  • Може да ја користите како смеса за плескавици, во тестенини, или едноставно така да уживате со кришка леб.
  • На здравје!
Сподели со пријателите!

Discover more from Вкусно без месо

Subscribe to get the latest posts sent to your email.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Discover more from Вкусно без месо

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading