Лененото семе или лененото масло содржат многу корисни хранливи материи за вашето здравје. Најважните се: Омега 3 масните киселини, познати и како „добри масти“, го штитат вашето срце и се покажаа како корисни хранливи материи за намалување на триглицеридите и намалување на крвниот притисок. Па од тука и идејата за подготовка на домашна тортиља од ленено семе. За подготовка на оваа тортиља потребни се само две состојки. Оваа доза е само за една тортиља.
Потребни состојки:
- 50 гр. мелено ленено семе
- 50 мл вода
- сол
Начин на подготовка:
- Најпрво се става водата да зоврие.
- Се намалува температурата на плотната и се додава претходно меленото ленено семе.
- Се меша додека не се направи потврдо тесто
- Се трга од оган
- На хартија за печење се става веќе подготвеното тесто
- Врз самото тесто се става повторно хартија за печење за полесно да го расукате во круг
- Веќе направената форма ја ставате на не леплив тефлон, доколку сакате можите тефлонот да го премачкате со четка и малку маслиново
- Печете од двете страни на ниска температура
- Уживајте во домашните тортиљи
- Најчесто поставувани прашања за екстрактот од црвена мака
- Црвена мака (ЕКСТРАКТ) – концентрирана сила за хормонален баланс
- Црвена мака – сојузникот на секоја жена
- КАКО ДА СЕ КОРИСТИ ЕКСТРАКТ ОД ЦРВЕНА ИЛИ ЦРНА МАКА
- Моја вистина за Weleda – кога природата ја допира кожата на моето бебе и мене
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.


