Сакам да пронаоѓам нови начини да го јадам мојот зеленчук.
Како оваа пита со тиквички.
Секое парче содржи нутритивен ефект, наполнет со витамини од тиквички и протеини од јајца, без тешка мешавина од брашно или бисквити што ја бараат повеќето традиционални рецепти. Резултатот е лесен и лесно сварлив оброк, совршен за секое време од денот!
Пита со тиквички без брашно.
Потребни состојки:
- 1 средна тиквица
- 150 гр. урда или свежи сир
- 3 јајца
- оригано
- 200 гр. грчки јогурт
- сол
- бибер
- 1 лажица маслиново масло
Начин на подготовка:
- На даска за сецкање ја сецкате на тенки кругови тиквицата без да ја лупите.
- Ја редите како на сликата ( јас ја редев во силиконски калап за печење)
- Во длабок сад ги матите јајцата заедно со сол и оригано со миксер. Јас користев миксер со постоље Severin 3810 од кој сум презадоволна прво заради неговата моќност, второ ради капацитетот на садот кој го има 3 литри и заради неговата екстра турбо брзина. А уште подобро е тоа што има 2 обични маталки и 2 маталки за тесто. 100% искористен производ. А сега што е најбитно достапен и преку купи на рати на 24 рати по 168 денари.
- Од како ќе ги изматите јајцата ги додавате во садот со веќе наредениот прв ред на тиквици, постапката со тиквиците и матената смеса ја повторувате се до трошење на тиквицата
- На крај додавате урда низ цел силиконски калап
- Печите на 170 C. околу 10-13 минути, додека да порумени. Доколку сте во потрага по добра вградена рерна ви ја препорачувам Beko BIE 22100 X која е со 5 години гаранција и е мултифункционална со 6 функции. Добрата вест е што сега без да се размислуваш како да ја имаш можеш да си ја нарачаш преку купи на рати по цена од 2608 денари на 6 месечни рати.
- Уживајте во питата од тиквица со додаток од грчки јогурт од како ќе излади.
- На здравје!





ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:
- Грчкиот јогурт можи да го замените со павлака
- Урдата доколку не ја обожавате можи да си ја замените со некоја врста на сирење, кашкавал, моцарела или рендан пармезан.
- Доколку немате силиконски калап, ставете хартија за печење на вашиот плех.
- Црвена мака (ЕКСТРАКТ) – концентрирана сила за хормонален баланс

- Црвена мака – сојузникот на секоја жена
- КАКО ДА СЕ КОРИСТИ ЕКСТРАКТ ОД ЦРВЕНА ИЛИ ЦРНА МАКА
- Моја вистина за Weleda – кога природата ја допира кожата на моето бебе и мене

- Храна која помага за хормонален баланс

Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.










