Пролета е пред нас а со тоа и топлите денови доаѓаат заедно со мирисот на зрелата јагода. Пригответе ја оваа вкусна торта за помалку од половина час Овошна здрава веге (посна )торта со јагоди
Состојки :
- 4 свежи урми
- 100 гр лешник
- 1/2 лажиче маслиново масло
- 1/2лажиче сол на врвот
- 2 лажици какао
- 3 лажици билно млеко може и вода
- За фил
- Маскарпоне -250 гр .
- 10 јагоди
Ги печиме лешниците ги оставаме да се изладат.
Се блендираат, потоа ги додаваме и останатите состојки.
Ја редиме смесата во округли плех и печиме 5-мин на 180 С.
Маскарпонето го миксираме додека не добиеме кремаста структура па ги додаваме и јагодите.
Можите во печење да додате и неколку коцки темно чоколадо по избор.
Оставаме да се излади па го додаваме приготвениот фил.


