Колку едноставно јадење ,а воедно и вкусно и богато со протеини и железо.
Киноата е една од намирниците кои го забрзуваат метаболизмот и е богата со протеини и растителни влкна.
Киноата е лесно сварлива и корисна за деца, спортисти, трудници.
Киноата не содржи глутен и исто така е погодна и за дијабетичари и лица со алергии.
Состојки:
- 400 гр спанаќ
- 100 гр. киноа
- 500 мл. вода
- сол
- црн бибер
- црвен пипер
- 3 јајца
- кисела павлака за додаток
Од вечер ја ставате киноата да кисни во вода.
Нареден ден во тава со малку маслиново го ставате спанаќот и киноата да се подзапржат со вода и зачини.
Тавата со спанаќ ја ставате во загреана рерна на 250 С. и печите 15 тина минути.
После 15 тина минути ги додавате јајцата.
Се служи со јогурт или павлака да излади.
Готов ручек за 15 мин.
На здравје


