За денес ви споделувам рецепт од нашите јутубери CrafTime кои ги направија овие вкусни ѓервечиња меки како памук. Знаеме сите што значи кога се печат дома ѓевречиња. Цела куќа мириса на нешто вкусно домашно месено.
Состојки:
- 500гр брашно
- 5 лажици шеќер
- 1 лажица сол
- 150 мл. топла вода
- 100 мл. масло
- 20 гр свеж квасец
- 200 гр. сусам
- 250 мл.вода со 1/2 лажиче мед
Начин на подготовка :
Се ставаат сите суви состојки во длабок сад, се додава стасаниот квасец со млаката вода и маслото. Месиме додека не се соединат состојките меко тесто. Оставаме да одмори тестото 30 мин.
После 30 мин го размесуваме тестото и формираме гевречиња. Секое геврече во ставаме во водата со мед и потоа во сусамот.
Печиме од 15-20 мин на 220 C.
Погледнете го видеото за детали.
Уживајте во вкусот!
- Црвена мака – сојузникот на секоја жена
- КАКО ДА СЕ КОРИСТИ ЕКСТРАКТ ОД ЦРВЕНА ИЛИ ЦРНА МАКА
- Моја вистина за Weleda – кога природата ја допира кожата на моето бебе и мене
- Храна која помага за хормонален баланс
- Искуства од користењето на црвената и црна мака
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.








