Потребни состојки:
- 2 јајца
- 1 шака спанаќ
- сирен намаз или фета
- 1 краставица
- сол
- бибер
- 5 мл. Маслиново масло
Начин на подготовка:
- Во длабок сад ги матиме јајцата заедно со една шака спанаќ.
- На загреано тавче со маслиново масло ги додаваме матените јајца со спанаќ
- Печиме на ниска температура поклопено тавчето со капак
- Приготвената кора од јајца и спанаќ ја ставаме на чинија и додаваме сирен намаз и една лупена краставица
- Виткаме ролат.
Уживајте во вкусот!
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.