Омлет со фил од грчки јогурт, грашок и авокадо.
Оброк кој во секој дел од денот можиш да го јадиш, и како појадок, ручек и вечера.
Омлет со фил од грчки јогурт, грашок и авокадо е всушност вегетаријанско јадење кое ќе ве остави без здив.
Често вегетаријанците ги прават овие комбинации од вегетаријанска храна.
Состојки:
- 3 јајца
- 3 лажици грчки јогурт
- 3 лажици грашок
- 1/2 авокадо
- сол
- мајоран
Начин на подготовка:
- Се матат јајцата и се ставаат во загреан тефлон како за палачинки со капка маслиново масло.
- Се оставаат да се пржат со капак на ниска температура
- Се формира фил од грчки јогурт со сецкано авокадо и зрна грашок
- Готовиот омлет од јајца се филова со смесата од грчки јогурт, авокадо и грашок
Уживајте во вкусот!

Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.