Здрав и балансиран оброк е составен од хранливи состојки што ќе ги задоволат сите потреби за исхрана на една личност. Помага да се одржи доброто здравје на личноста, но и да се намалат ризиците од разни заболувања. Се базира на внимателен избор што ќе се најде во чинијата, затоа што преку балансираниот оброк треба да се опфати храна од сите групи неопходни за една балансирана исхрана. Протеини , јаглехидрати, масти, витамини и минерали.
Протеинскиот смуди направен од следниве состојки:
- 30 гр. протеин Whey Vanila
- 3 лажици овесни снегулки
- 1 лажица ленено семе
- 200 мл. млеко по ваш избор
- 1/2 смрзната банана
- 1 лажица вишни
Начина на подготовка:
Сите состојки ги ставаме во блендер и бледнираме додека не добиеме кремасто смуди.
Секогаш кога сакате да добиете покремасто смуди користете смрзнати овошки.
Погледнете го видеото со начинот на подготовка.
Уживајте во вкусот!
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.