Веќе имаме рецепт за домашен песто сос сега можиме да ги направиме нашите омилени тестенини во сос од песто со парчиња домати.
Состојки:
- 250 гр. ваши омилени тестенини
- 4 свежи домати
- 1 главица кромид
- 5 чешниња лук
- ½ лажичка оригано
- ½ лажичка нане мента
- прстофат рузмарин
- прстофат копар
- 2 лажици песто сос
- 4 лажици маслиново масло
- малку пармезан
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Кромидот и лукот исечкајте го на ситно.
- Во тава на оган ставете маслиново масло да се загрее и на него пропржете го кромидот.
- Потоа додадете го лукот и пржете уште кратко постојано мешајќи со дрвена лажица.
- Кога кромидот малку ќе омекне во тавата ставете го исечканиот домат, посолете, додадете бибер и промешајте.
- Потоа намелете ја температурата, додадете ги ориганото, нането, песто сосот, рузмаринот и копарот и оставете да крчка на тивко.
- Во меѓувреме ставете ги тестенините да се варат во зовриена посолена вода околу 10 минути.
- Полуварените тестенини исцедете ги и додадете ги во тавата со доматите.
- Убаво промешајте за тестенините убаво да го впијат сосот.
- Оставете да крчка на тивко 5 минути.
- При сервирање како подлога прво ставете една лажица песто од босилек па потоа ставете ги тестенините.
- Поросете со рендан пармезан
- Додадете и од доматите кои се полуварени
- Уживајте во вкусот!
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.