Босанска пита брза, вкусна и веганска. За време на пости, но и за Бадник знаеме да ја приготвиме. Сите различно ги приготвуваме питите, некој со лук, ориз ние со компир и кромид.
Потребни состојки:
- 4 средни компири
- 3 кромид
- 2 лажици зачин
- 2 лажици сол
- бибер
- 60 мл. маслиново масло
- готови кори за пита 650 гр.
Начин на подготовка:
- Ги лупите компирите и кромидот
- Ги ставате во сецко компирите и кромидот заедно со зачините
- Се формира смеса од компир и кромид и се додава и маслиновото масло
- Мешате повторно
- Врз две кори ставате од сместа и редите на тава
- Врз последната тава попрскувате само маслиново масло
- Печете на 180 С.50 мин
Ви препорачуваме да го погледнете видеото!
Уживајте во вкусот!
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.