Најдобриот посен (веган) намаз кој се вклопува со секое јадење, било во сендвич или додаток како за ужинка со зеленчук.
Често ме прашуваат за намазите “ако можи рецепт со точна доза” , бидејќи мене ми е земен “редот” со правење, бидејќи се често на моја листа на омилени брзи јадења. Па решив да ви снимам и подготвам со точна доза еден од омилените.
![](https://vkusnobezmeso.mk/wp-content/uploads/2021/08/235824664_811003622939212_4776570493101934678_n.jpg)
Од оваа доза излегува околу 250 гр. намаз.
Состојки:
- 1 лимон цеден
- 150 мл. сусамов таан
- 10 гр. ким
- 1 мала лажица куркума
- 1/2 мала лажица сол
- 70 гр. киснати преку ноќ семки од тиква
- 50 мл. вода
Начин на подготовка:
- Сите состојки ги ставате во блендер и блендирате околу 2 минути.
Ви препорачувам да го погледнете видеото!
Уживајте во вкусот!
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.