Протеински топчиња со лешници и смокви ќе ви ја задоволат желбата за нешто слатко и чоколадно! Плус се одлична протеинска ужина -советува нашиот нутриционист Ена.
Состојки:
- 400г суви смокви
- 300г мелени лешници
- 45г Путер од бадем
- 45г whey протеин од чоколадо
- 70мл протеинско млеко од чоколадо
Начин на подготовка:
- Смоквите треба претходно на киснат во вода 1 час, за да омекнат.
- Сите состојки се додаваат во блендер за да се соединат состојките.
- Се формираат топчиња.
- За декорација користев: мелени лешници и црно чоколадо 99% какао.
- Уживајте!
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.