Бабурите се најубавите пиперки кои можите да ги наполните со вашата омилена смеса.
Бабурите се дел и од традиционалната исхрана во македонска кујна. Познатото јадење и специјалитет полнети пиперки често се прави со бабури. Бабурите исто така се поткиселуваат и ставаат во различниа видови на туршија или зимници, како и во мезиња каде бабури се ставаат со кисела павлака или урда.
Но за денес јас подготвив полнети бабури со хељда и фета сирење.
Потребни состојки:
- 6-7 бабури
- 50 гр. хељда
- 150 гр. фета сирење
- 50 гр моцарела
- сол
- бибер
- кисела павлака
- 150 мл. вода
- 1 мала лажица од BEST JOY COOKING SPRAY
Начин на подготовка:
- Хељдата ја ставаме преку ноќ да кисни до нареден ден
- Ја цедиме хељдата
- Ги чистиме бабурите од дршките
- Во длабок сад ја ставаме хељдата заедно со сирењето и мешаме додека не се соеднинат состојките
- Додаваме сол и бибер
- Ги полниме бабурите со смесата
- На горниот дел додаваме по едно парче моцарела
- Ги редиме во стаклен сад
- Додавме 150мл. вода и маслиново масло во стаклениот сад со бабурите
- Садот го покриваме со алуминимска фолија
- Печиме 25 минути на 200 C.
- Последните 5 минути ја вадиме фолијата за да поруменат бабурите
- Додате кисела павлака за подобар вкус при сервирање
Уживајте во вкусот!

Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.