Проја за појадок? ДА ,ама проја и за вечера.
Здрава варијанта на проја со пченкарно брашно која можете да ја консумирате и наутро и навечер.
- 200г пченкарно брашно
- 150 мл. јогурт
- 3 јајца
- 300 гр. фета сирење или свежи сир
- 1 лажица лупен сончоглед
- 1 лажица сусам
- 1 лажица ленено семе
- 1 лажица маслиново масло
- 1/2 лажица мала хималајска сол
- 5 гр. пециво
Начин на подготовка:
- Во длабок сад се кршат јајцата и се матат.
- Постепено се додава брашно
- Се додаваат и остатнатите состојки постепено со мешање
- Се печи околу 20-25 минути на загреана рерна на 5 мин на 250 потоа се намалува на 180 C.
Добар апетит !
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.