Сирупов од бозел го правевме кога се лечев од рак на дојка за да го подобрам имунитетот, а воедно и крвната слика.
Сакам да го споделам со вас бидејќи видов подобрување и го препорачувам на сите кои сте во можност да го направите.
Генерално, сокот или сирупот од бозел не може да биди лек за против канцер, но може да се заштитиме со подобрување на имунитот и на нашето целокупно здравје со консумација на сирупот.
Сакам да го споделам овој рецепт со вас се надевам дека на некого ќе му биди од корист.
Што е потребно и каков бозел да користите?
- Црниот Бозел се бери зрел кон кон крајот на Август, исклучиво само зрели плодови.
- Се реди во тегла ред бозел околу два прста, па ред кафеав шеќер, и така до трошење на зрната.
- Најгоре се става кафеав шеќер
- Се покрива со газа и се чува на сонце 3-4 недели
- Од време на време се промешува со дрвена лажица
- После 3-4 недели се цеди и се чува во фрижидер
- Се консумира наутро по едно мало лажиче
- Додека се навикни организмот неколку дена при консумирањето можи да чуствувате гадење, ама за брзо време помага да се зајакни крвната слика и да се подобри имунитетот.
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.