Сите по малку во главата си размислувате , па како може да испадни мусака од ајвар. Па како може? Најслатко може, според мене. Сите обожаваме ајвар на кришка леб со биено сирење, па зошто да не биди тоа во главно јадење?
Може и тоа е мноогу вкусно.
Потребни состојки:
- 3 поголеми компири
- 150 гр биено сирење
- 200 гр. кисело млеко
- 4 големи лажици ајвар
- 2 лажици маслиново масло
- зачин
- 250 мл вода
Начин на подготовка:
- Најпрво се лупат компирите и се сечат на тенки ленти , кругови
- На дното на керамичка тава ставате маслиново масло и редите еден ред од листовите компир
- Врз секој ред ставате по една лажица ајвар и биено сирење, исто сецкано на тенки парчиња
- Кога ќе завршите со редење последно компир, додавате 250 мл. вода
- Пред да го ставите во рерна ставате на последниот ред кисело млеко.
- Печите на 180 C околу 30 тина минути.
Уживајте во вкусот!

Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.




