Кралицава не само што е број еден во светот, исто така број еден е и на мојата листа на омилен појадок.
За ова утро овесна каша со карамелизиранa јаболка.
Потребни состојки:
- 1/2 јаболко
- 150 мл вода
- 3 лажици кокосово млеко од конзерва
- 1 лажица јаворов сируп или мед за засладувач
- 4 лажици овесни снегулки
- цимет по желба
Начин на подготовка:
- Се сечи јаболкото на коцки
- Се става во длабок сад на ниска температура со една лажица засладувач и цимет
- Се меша додека не почни да се карамелизира околу 5-6 минути на тивок оган
- Во друг сад се става млекото заедно со водата и овесните снегулки да се сварат
- На тивок оган околу 4-5 мин
- Се сервира во чинија овесната каша и врз неа карамелизирано јаболко со цимет
- Уживајте!

Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.

