Овесна каша со карамелизиранa јаболка

Кралицава не само што е број еден во светот, исто така број еден е и на мојата листа на омилен појадок.

За ова утро овесна каша со карамелизиранa јаболка.

Потребни состојки:

  • 1/2 јаболко
  • 150 мл вода
  • 3 лажици кокосово млеко од конзерва
  • 1 лажица јаворов сируп или мед за засладувач
  • 4 лажици овесни снегулки
  • цимет по желба

Начин на подготовка:

  • Се сечи јаболкото на коцки
  • Се става во длабок сад на ниска температура со една лажица засладувач и цимет
  • Се меша додека не почни да се карамелизира околу 5-6 минути на тивок оган
  • Во друг сад се става млекото заедно со водата и овесните снегулки да се сварат
  • На тивок оган околу 4-5 мин
  • Се сервира во чинија овесната каша и врз неа карамелизирано јаболко со цимет
  • Уживајте!

Нарачај ја новогодишната облека по промотивна цена!

Сподели со пријателите!

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *