Кога мислиме на плескавица во главата ни се вртат сочни мисли , си викаме леле плескавица ама да е без месо . Ние ви приготвивме вкусни посни веган плескавици од тиквица.
Потребни состојки:
- 2 компири
- 1 морков
- 1 тиквица
- 1 лажица зачин вегета
- 2 лажици пченкарно брашно
Начин на подготовка:
- Во длабок сад ги рендате сите зеленчуци
- Ги ставате во тенџерче со вода да се сварат
- Ги цедите од течноста со цедалка со благо притискање
- Додавате вегета и пченкарно брашно
- Мешате со лажица додека не се соединат состојките
- Правите танки плескавици и ги пржите на не леплив тефлон со малку маслиново масло
- Уживајте во вкусот!

- Најчесто поставувани прашања за екстрактот од црвена мака
- Црвена мака (ЕКСТРАКТ) – концентрирана сила за хормонален баланс
- Црвена мака – сојузникот на секоја жена
- КАКО ДА СЕ КОРИСТИ ЕКСТРАКТ ОД ЦРВЕНА ИЛИ ЦРНА МАКА
- Моја вистина за Weleda – кога природата ја допира кожата на моето бебе и мене






