Овој вкусен сиров кокос чизкејк вегански рафаело и боровинка е совршен десерт без печење за сите љубители на кокос. Тој е без глутен, без рафиниран шеќер и многу лесно се прави само со природни состојки! Кремастиот фил за чизкејк, основата со јаткасти плодови и овошниот сос од боровинка го прават рецептот толку разновиден и едноставно вкусен.
Оваа торта е сон. Слоевите од сирова торта се натрупани високо со фил од кокос помеѓу. Ако има нешто што можам да кажам за оваа торта, тоа е зачудувачки. Високо сирово здраво, но слатко, зачудувачки. Сигурно ќе импресионира. Додадов лешници и боровинки за малку боја и декоративен шмек. Изборно, но многу препорачливо. Јадете го овој десерт за сладок крај на оброк кој ќе ве остави да се чувствувате лесно!
Потребни состојки:
- 150 гр. лешници
- 4 лажици кокос
- 100 гр. боровинки
- 250 гр. маскарпоне
- 160 мл. кокосово млеко од конзерва
- 150 гр. овесни снегулки
- 25 свежи урми
- 4 лажици агаве сируп или друг засладувач
- 2 лажици путер од лешник
Начин на подготовка:
- Се печат лешниците на ниска температура на тефлон со малку кокосово масло а можете и без него
- Урмите ги чистите од коските и ги ставате да стојат 10 тина минути во млака вода
- Веќе печените лешниците 100 гр. заедно со урмите, овесните снегулки и путерот од лешник ги ставате во сецко да се соединат
- Се прави смеса за подлога
- На тава обложена со хартија за печење се тапка цела смеса за подлога
Подготовка на фил 1:
- Во пасер или во сецко ставате половина од маскарпонето, 80 мл. кокосово млеко, 3 лажици кокос и 25 гр. лешници
- Пасирате додека се соединат
- Филот го ставате врз смесата
Фил 2
- Во пасер или во сецко ја повторувате истата постапка додавате млеко кокосово, маскарпоне, лешник и 70 гр. боровинки.
За декорација користев остатокот од боровинки и лешник
Веќе приготвениот вегански (посен) чизкејк треба да стои во фрижидер 3-4 часа пред да се сечи.
Чизкејкот можете да го направите и без масло само доколку во печењето на лешниците не ставите кокосово масло.
Уживајте!
- Штрудла со јаболка
- Што треба да знаете за ракот на дојка?
- Што прави калиумот за вашето тело?
- Што е псилиум, и негова употреба?
- Што е Перуанска мака?
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.