Најубав дел од денот ми е утрото,бидејќи можеш да комбинираш секаква храна.
Која е ваша омилена?
За ова утро подготвив две смуди едно со јагоди кои ги купив од @moepazarche и уште едно со спирулина која ја купувам од @mentafarm_prilep
Искрено и двете ми се омилени и во двете ги има истите состојки само промената ја правам со јагодата и спирулината.
Зошто баш спирулина?
Спирулината е најкомплетна и најмоќна храна на светот. Таа е богат извор на хранливи состојки со концентрација поголема од било која храна, зеленчук, овошје, семе или билка и има бројни полезности за човечкиот организам. Го зајакнува имунитетот, храни, прочистува, обновува, подмладува и штити од болести.
Спирулината е 100% природна, без конзерванси, лесно сварлива, погодна за употреба за сите возрасти и е извонредна замена за вештачки произведените минерали и витамини.
И зошто баш јагода?
Јагодите се не само вкусни, но и многу корисни. Тие се употребуваат за лекување на анемија, зајакнување на крвта, а исто така го намалуваат ризикот од појава на срцеви болести. Содржат големо количество витамин Ц и железо. 100 грама јагоди ја покриваат потребната дневна доза за витамин Ц.
Потребни состојки:
- 1/2 банана
- 100 мл. кокосово млеко
- 3 јагоди/ 3 спирулина таблетки изборот е ваш
Начин на подготовка:
- Сите состојки ги ставате во блендер и блендирате додека ја добиете посакуваната густина.
- Уживајте!
- Смеса за вегани: Посно месо
- Свежа салата со крцкаво тофу
- Смути со ачаи во прав
- Здрави корпиња
- Протеински ментолки
Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.