Овие овесни банани со бадеми се лесен појадок кој се прави преку ноќта пред да планирате да уживате во нив. Со бадемово млеко, бадем , јаворов сируп, ленено семе и испасирана банана, лесно е да ставите сè во тегла, а потоа да го измешате и да го ставите во фрижидер за ноќ.
Малина врз малку банана и овес преку ноќ.
Кога имам испланиран напорен ден, лесен и вкусен појадок е приоритет.
Потребни состојки:
- 4 лажици овесни снегулки
- 100 мл. бадемово млеко
- 1/2 банана
- 5 бадеми кршени на половина
- 1 мала лажица ленено семе
- јаворов сируп
- 7 малини
- 7 аронија

Можеби ве интересира!
- Здрава овесна каша со чоколадо
- Лесен бадем-банана овес во текот на ноќта
- Каша со семиња
- Овесна каша со семе од коприва
- Овошен јогурт со семиња
Начин на подоготовка:
- Во чинија го ставате овесот заедно со млеко
- Мешате да се накисни и додавате јаворов сируп
- Додавате сечкана или пасирана банана зависно дали сакате парченца
- Декорирате со малини и аронија
- Го оставате во фрижидер преку ноќ
- Наредниот ден имате веќе готов појадок.
- Уживајте!
ЗАБЕЛЕШКИ И СОВЕТИ:
- Овесот може да го направите и со домашно подготвено бадемово млеко (види тука како се прави)
- Може да додадете смрзнато и суво овошје по ваш избор
- Може да го замените јаворовиот сируп со друг засладувач како мед, агаве сируп, урма

Discover more from Вкусно без месо
Subscribe to get the latest posts sent to your email.